Синот на Лепа Брена разгледува автомобил од 250 000 евра

Пред неколку дена, синот на Лепа Брена заедно со неколку другари посетил неколку салони за автомобили, а најмногу се задржал во салонот за Порше каде што автомобилите се поскапи од 250 000 евра.
Автомобилот кој го гледал најмладиот Живојиновиќ во зависност од опремата може да кошта и 400 000 евра.


„Девојките ме сакаат поради моите автомобили, но сакам да ги известам дека јас не сакам спонзоруши. Може да се дружам со нив, но не и да се мувам со нив. Порано луѓето забележуваа што сум син на Брена и Боба, не знам што имаат тие од тоа“, во една прилика изјави Виктор.
„Добрите автомобили ги сакам поради себе. Често одам на патувања, важно ми е да имам удобен автомобил“, изјави синот на Брена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.