Синот на мажот што доби срце: Фамилијата на Емилија да знае – нејзиното срце уште чука

Денес пред медиумите имаше прес-конференција министерот Венко Филипче, поврзана со историската трансплантација на срце во Македонија, каде меѓу другите изјава даде и Васил Огненовски, синот на мажот кој го доби срцето од Емилија.
Иван Огненовски е човекот кој го доби срцето на Емилија Динева.
-Пред се сакам да изразам големо сочувство до фамилијата на Емилија и едно големо благодарам, што со донирањето спасија три животи, од кои еден е оној на татко ми,- рече Васил.
-Пред два дена ни се јавија дека има срце, дека е најден донор и ќе биде извршена првата операција во нашата држава на срце од донор. Се случи, дојдовме, се направи операцијата и сега чекаме информации за понатамошниот процес.
-Докторите еднаш го спасија мојот родител, сега повторно го направија тоа. Големо благодарам до нив, затоа што во нашата држава имаме многу добри доктори и ќе спасат уште милиони жители.
-Ќе се запознаеме со фамилијата на Емилија, сакаме и татко ми да биде во состојба да се запознаеме со нив и да изразиме сочувство. Да знаат дека срцето на Емилија се уште чука, истакна Васил.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.