Новородениот син на Хари и Меган Маркл е единствен на светот кој може да стане и британски крал и американски претседател.
Бебето на кралевскиот пар автоматски стана британски државјанин на основа на статусот на принцот Хари и бидејќи е роден во Велика Британија. Под претпоставка Меган да не се откажала од американското државјанство, бебето исто така може да биде и американски државјанин.
Тоа значи дека еден ден тоа може да се кандидира за претседател на САД. Нормално, според американските закони, тоа мора да биде постаро од 35 години и најмалку 14 години да живее на територијата на САД.
Исто така синот на Хари и Меган конкурира и за британскиот престол, но има шест противкандидати. Сепак, мали се шансите детето еден да стане крал, но историчарите предупредуваа дека во британската историја не е необичен случајот редот да се прескокне.