Синоќа кај Сити мол подигнати 21 автомобил, казнети 26 возачи

Вршејќи контрола на улиците околу Сити мол во Скопје за да овозможи нормално одвивање на сообраќајот Полицијата синоќа подигнала 21 моторно возило со специјално возило „пајак“ и врачила 26 мандатни платни налози. Седум од нив биле за паркирани возила на коловоз, седум за паркирани возила на тротоар и зеленило, и дванаесет за возила паркирани на автобуска постојка.
Полициската акција била реализирана во периодот од 19:00 до 23:00 часот од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај.

Пронајдете не на следниве мрежи: