Синоќа финансовата полиција го приведе поранешниот директор на централниот регистер Андреја Поповски. Според првичните информации Поповски е во полициска станица во Скопје, а во меѓувреме Обвинителството треба да донесе одлука за понатамошната постапка против него. Од финансовата полиција нема информации каков финансиски криминал направил Поповски, приведувањето неофицијално беше потврдено од МВР, чија полиција само асистирала. Освен Андреа Поповски, повторно неофицијално приведени се уште најмалку 4 други вработени во Централниот регистар и се очекува кон нив да бидат преземени понатамошни мерки.