Пријавил дека има бомба во авионот, а причината е доказ дека тој е лош син.
Според зборовите на јавниот обвинител, неговата мотивација за оваа постапка била да ги спречи родителите да дојдат на гости.
Неговите родители била на лет на компабијата „Изи џет“ од Лион до Рен на 18 јануари за да набргу по полетувањето, авионот кој превезувал 159 патници се врати назад на аеродромот.
Противпожарната служба чекала авионот да се врати, а сите патници морале да ислезат додека полицијата не го пребарала секој милиметар од авионот. Бомба секако не била пронајдена.
Студентот во мај ќе се појави пред кривичниот суд, каде би можел да се соочи со затворска казна до пет години или парична казна од 85.000 долари ако биде прогласен за виновен.