Син (13) и купил автомобил на својата самохрана мајка: Заработил пари така што им ги косел дворовите на соседите

Вилијам Престон (13) од Невада долго време штедел пари за да купи автомобил за својата самохрана мајка и да и помогне кога мислела дека работите не можат да бидат полоши.
Вилијам живее со самохрана мајка, брат и сестра, а мајка му се мачела, бидејќи немала автомобил. Па момчето одлучило да направи нешто во врска со тоа.
Кога не бил на училиште или немал домашна задача, ова прекрасна момче заработувало по некој долар така што им ги косело дворовите на соседите. Тој ги шедел парите. На оваа голема идеја дошол кога на ЈуТјуб видел некои други деца, многу постари од него како им приготвиле изненадување на родителите купувајќи им автомобил.


На почетокот мислел дека нема да успее во својата мисија, а потоа еден ден во огласи нашол бел Шевролет Метро, кој не бил многу скап. Сепак, тој немал доволно пари.
Колку многу сакал да ја изненади неговата мајка говори и следниот чекор, кој го повлекол – на сопствениците на автомобилот им го понудил својот Xbox како замена.
-Автомобилот беше навистина евтин и ја прашав сопственичката дали би можел да го понудам мојот Xbox, или да направам нешто што ќе ми го пресмета во цената. Таа првин одби, а потоа се предомисли и се согласи, изјави Вилијам.
По разговорот со сопственичката на автомобилот, тој и ја соопштил радосната вест на мајка си. Не му поверувала, па отишла кај жената која го продала автомобилот и се уверила во целата приказна.
-Беше уморен што ме гледаше дека постојано плачам. Во тешките моменти за мене застана мојот син. Секој минува низ тешки животни моменти, но секогаш може да се случи нешто добро во секоја ситуација сѐ додека се бориш, вели мајката на Вилијам, Кристал Престон, и додаде:
-Останав без здив, вриштев од среќа. Колку тринаесетгодишни познавате кои на мајката и купиле автомобил? Јас не знам ниту еден, ниту пак сум слушнала за таков случај. Не можам да ги опишам чувствата. Нема зборови да објаснам колку сум горда“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.