Сирењето и кашкавалот ќе траат многу подолго ако ги складирате со оваа намирница

Патриша Мајкелсон од продавницата за сирење La Fromagerie во Лондон препорачува необичен начин за складирање на нивната омилена храна за љубителите на сирење.
„Во сирењето ставете две обични коцки шеќер, па затворете го и ставете го во фрижидер.
Според она што таа го кажала за Гардијан, шеќерот помага да се регулира атмосферата во кутијата за сирењето да остане посвежо. Со текот на времето, шеќерот ќе почне да се раствора, а таа вели дека се надева дека ќе го потрошите сирењето пред тоа да се случи. „Ако не, исчистете ја кутијата, заменете ја влажната крпа и повторно ставете го сирењето внатре со две нови коцки шеќер“.
Мајкелсон истакна дека луѓето ќе имаат проблеми доколку не почитуваат неколку основни правила. Таа рече дека „сирењето секогаш треба да биде двојно завиткано – идеално во восочна хартија или хартија за печење – и да се стави во пластичен сад обложен со влажна кујнска крпа“.
После тоа, покријте го садот и ставете го на врвот на фрижидерот – каде што температурата е обично најстабилна – и сирењето ќе остане свежо онолку колку што е потребно за да се изеде сето тоа.
Сепак, сопственикот на ресторан Брус Пул не е сигурен кога станува збор за восочната хартија. „Сосема е бескорисно за меки, кремасти сирења, затоа користиме фолија. Кој ја има таа хартија дома?“, се прашува тој.
Пул ги чува своите сирења разладени во пластични кутии – има по едно за тврди, меки и сини сирења – а во ресторанот користи големи кутии што обичните луѓе ги користат за да го сокријат нередот во домаќинството; тие исто така спречуваат каков било мирис на сирење да ги расипува другите свежи производи во фрижидерот, пренесува Express.

Пронајдете не на следниве мрежи: