Сирењето се топи во уста: Поховани виршли во тост леб кои се сочни и неодоливи

Постојат безброј начини на кои можете да подготвите јадења со виршли, но овој начин е многу едноставен, а во исто време необичен и вкусен. Сирењето се топи во устата и ве тера да сакате да го вкусите ова јадење одново и одново.
Состојки:
Пакување виршли
Леб за тост
Две пакувања тост сирење од различни видови
Јајца
Презла
Брашно
Масло
Подготовка:
Извадете едно парче тост леб и истенчете го со сукало. Потоа ставете два листови тост сирење, од различни видови. Додадете виршла што претходно сте ја зготвиле и сето свиткајте го во ролна. После тоа, посипете ја ролната со брашно, потоа потопете го во јајца и на крај во презла. Останува само да се пржи во врело масло и вашата храна е подготвена за јадење.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.