СИРИЗА ја спасува Владата на Ципрас, тврди Бакојани

Поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани денес изјави дека Владата нуди финансиски стимули на пратениците, кои не се членови на СИРИЗА, за нивна поддршка при гласањето доверба, пишува електронското издание на грчкиот весник “Катимерини“.
Во коментарот, пак, за грчкиот телевизиски канал “Скај“, Бакојани рече дека премиерот Алексис Ципрас ќе обезбеди 151 глас за доверба на Владата преку „политичка зделка“, додавајќи дека очекува Владата да го внесе во Парламентот и Договорот од Преспа, веднаш по изгласањето доверба. Таа, исто така, очекува одржување на предвремени парламентарни избори во март.
Како што тврди Бакојани, Ципрас има поддршка од 145 пратеници на СИРИЗА, тука е и независната Катерина Папакоста, потоа четворица пратеници од “Независни Грци“ и еден пратеник од партијата “Потами“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.