Сирија е подготвена да разговара со вооружените опозициски групации, изјави сирискиот министер за национално помирување во понеделникот навечер, што е првпат сириската влада да понуди директни преговори со бунтовничките сили што долго време го отфрлаше нарекувајќи ги своите противници терористи.
Сѐ уште не е јасно дали изјавата на Али Хајдар, кој инаку не е во потесниот круг на соработници на сирискиот претседател Башар ал-Асад, ги одразува битните промени во политиката на официјален Дамаск. Претседателот Асад во јануари нудејќи преговори со опозициските претставници кои не земаа оружје во рацете, рече дека нема да има дијалог со предавниците и „марионетите на западот”
Сириските власти сѐ уште официјално не одговорија на неколку понуди за разговори кои ги упати главната сириска опозициска коалиција. Хајдар инаку минатата седмица изјави дека Дамаск не примил никаков повик на преговори.
„Ние, владата и јас лично, ќе се сретнеме, без исклучок, со сириските опозициски групаци, во и надвор од Сирија”, изјавил во понеделникот Хајдари на седница на парламентот, пренесува Reuters.
„Претседателот на државата рече дека ќе се обидеме со секој кој е против нас политички. Па и со оние коишто користат оружје, мораме да се обидеме и со нив”, додал министерот за национално помирување без да наведе дополнителни поединости.
Хајдар нагласил дека какви и да се „подготвителни преговори” се различни од националниот дијалог, инаку предлогот на Асад за помирување за кој функционерите рекоа дека треба да се одржи во Дамаск и само со припадниците на опозицијата „без крв на рацете”. „Во поглед на преговорите, вратата е отворена”, рекол Хајдар.
Џорџ Сабра, потпретседателот на опозицискиот Сириски национален совет, изјави дека насоките коишто политичкиот комитет на коалицијата ќе ги изнесе на расправата на собранието во четвртокот велат дека не може да започне дијалог пред претседателот Асад и неговите најблиски соработници не отстапат од власта.
„Насоките одредуваат да нема формални или неформални разговори со сирискиот режим, доколку Башар ал-Асад и неговата група сѐ уште се на власт”, изјави Сабра за Reuters на конференцијата во шведската престолнина Стокхолм. „Тие мораат да ја напуштат власта. Тогаш можеме да го започнеме дијалогот со другите кои не издавале наредби да се убиваат луѓе, да се нанесува штета на земјата”, рекол опозицискиот челник.
Макфакс
Сирија е подготвена да разговара со вооружените опозициски групации, изјави сирискиот министер за национално помирувањ