Сириската опозиција избра премиер

 Опозициските лидери околу сириската национална коалиција во вторникот на состанокот во турската метропола Истанбул го избраа поранешниот бизнисмен Ѓасан Хито за привремен премиер.Задачата на Ѓасан Хито задача ќе биде да состави влада којашто треба да дејствува на подрачјата во Сирија коишто ги контролираат бунтовниците, кои две години безуспешно се обидуваат да го соборат режимот на претседателот Башар ал-Асад.Повикувајќи се на сведоци на настанот, Reuters објави дека во гласањето учествувале 50 членови на Сириската национална коалиција и дека Ѓасан Хито добил 35 гласови. Меѓутоа, неколку влијателни членови на Коалицијата го напуштиле состанокот пред гласањето, сметајќи дека странскиот притисок влијаел врз изборот на Ѓасан Хито, кој се школувал на Запад.Оние членови на Сириската национална коалиција коишто го поддржале неговиот избор, сметале дека Хито, освен технократските способности, има и чувство за политика и дека е добар преговарач. Истакнале ,исто така, дека тој добро ќе ги претставува во меѓународната заедница и дека не е оптоварен со политички судири во самата коалиција.
Макфакс Опозициските лидери околу сириската национална коалиција во вторникот на состанокот во турската метропола Истанб

Пронајдете не на следниве мрежи: