Сирискиот претседател прогласи нова општа амнестија

Сирискиот претседател Башар ал-Асад прогласи уште една општа амнестија за злосторствата сторени до вторникот 16-ти април, освен за криумчарење, дезертирање и уживање дроги, објави државната новинска агенција SANA

 „Претседателот Асад го прогласи указот 23 со кој се прогласува општ амнестија за злосторствата сторени до 16-ти април 2013 година”, се истакнува во информацијата на агенцијата.
„Така, смртната казна ќе биде заменета со доживотна присилна работа, а Сиријците кои им пристапиле на терористичките организации ќе отслужат само четвртина од предвидената казна”, се додава во указот на претседателот Асад, според SANА.
Меѓутоа, со указот нема да бидат изземени криумчарите и зависниците од дроги, како и „оние кои ја избегнувале регрутацијата”.
Сирискиот претседател од почетокот на бунтот против неговиот режим во март 2011 година прогласи повеќе укази за помилувања и амнестија, меѓутоа прозападните опозициски организации за човекови права наведуваат дека десетици илјади затвореници уште се заточени во затворите низ целата земја.
Макфакс
Сирискиот претседател Башар ал-Асад прогласи уште една општа амнестија за злосторствата сторени до вторникот 16-ти апр

Пронајдете не на следниве мрежи: