Сиријците силувале студентка, па со калашникови се објавиле на Фејсбук

Во германскиот универзитетски град Фрајбург за денес се закажани протести, затоа што пред две недели група мажи, меѓу кои најмногу Сиријци, силувале 18 годишна студентка, по што најголемиот број од осомничените на Фејсбук објавиле фотографии со калашникови.
Групата мажи ја силувале студентката ноќта меѓу 13 и 14 октомври, кога се враќала дома од ноќен клуб во центарот на градот. Под истрага се седуммина Сиријци на возраст од 19 до 22 години и еден 25-годишен Германец, но полицијата смета дека силувањето го извршиле поголем број мажи.
Доцна во понеделник Антимигрантската партија Алтернатива за Германија (АфД) ги повика граѓаните да излезат на протести за да се побунат против злосторството. Противниците, пак, на ултрадесничарите повикаа на контрапротест со цел да не се искористи ваквиот напад за создавање јавно мислење против сите мигранти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.