Сиромашни со калории, богати со витамини: Зошто е важно да јадете капини?

Капините со право се наоѓаат на листата на најзрдави намирници. Тие содржат огромно количество на антикосиданси, многу поголема количина од што имаат доматите, брокулата, па затоа и се сметаат за моќни сојузници во борба против ракот.
Овие ситни темни плодови содржат голема количина на полифеноли, па затоа моќно се справуваат со слободните радикали и го чуваат здравјето на срцето и крвните садови.


Капините се богати со растителни влакна, а тоа ги прави одлични за забрзување на метаболизмот и за диетите. Даваат долготрајно чувство на ситост и се одлични за губење на телесната тежина.
Семчињата на капината содржат високо ниво на елегична киселина, таа пак е одлична за лечење на хронично болните.
Капините се сиромашни со калории, но затоа пак богати со витамин Ц, Е, фолна киселина, калиум, магнезиум, манган.
Една рака капини на ден може значително да го намали нивото на холестерол во крвта.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.