недела, 29 ноември 2026
Најново

Сите бегаат од „Олд Трафорд“, но не и тој: Солскјер се понуди на Јунајтед, сака повторно да биде тренер

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Рубен Аморим вчера беше отпуштен од клупата на Манчестер Јунајтед, а сега челниците на „Црвените ѓаволи“ бараат негова замена.

Според првичните информации, ниту еден од најдобрите светски тренери не размислува да дојде на „Олд Трафорд“, а интересно е што се појави едно име.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Фабрицио Романо објави дека Оле Гунар Солскјер е заинтересиран за слободното место на клупата на Јунајтед и дека ги понудил своите услуги на клубот.

Како што истакна Романо, на Солскјер не му е гајле дали ќе добие договор до крајот на сезоната или подолго, сè додека се врати на „Олд Трафорд“.

Како играч на Јунајтед, Солскјер учествуваше во освојувањето на шест шампионски титули во Англија и постигна гол во иконското финале на Лигата на шампионите во 1999 година, а како тренер од декември 2018 година до неговото отпуштање во ноември 2021 година, тој играше и во финалето на Европската лига со Јунајтед.
The post Сите бегаат од „Олд Трафорд“, но не и тој: Солскјер се понуди на Јунајтед, сака повторно да биде тренер appeared first on Во Центар.

Поврзани вести