Брачен пар од Мичиген ја доби првата ќерка во семејството по 138 години.
На 17 март, Керолин и Ендрју Кларк го донесоа на свет бебето Одри – со што стана првото девојче што се родило во семејството на Ендру од 1885 година.
Каролин откри дека биле шокирани кога дознале дека ќе добијат девојче и била изненадена кога ја дознал историјата во семејството на нејзиниот сопруг.
Зборувајќи за „Добро утро Америка“, парот открил дека Одри донела голема среќа во семејството.
Каролин рекла дека кога првпат дознала дека во семејството на Ендру немало девојче не му верувала.
Таа ги замолила и неговите родители да ѝ ја поврдат приказната.
Иако неговите чичковци и браучеди добивале девојчиња, дирекно во неговата лоза тоа не се случило повеќе од 130 години.
Раѓањето на првата ќерка во семејството било уште поемотивно, бидејќи Каролин доживеала спонтан абортус во јануари 2021 година.
Таа истакна дека окако повторно останала бремена биле пресреќни затоа што бебето е здраво и воопшто не ѝ било важно дали е момче или девојче.
Каролин додала: „Шлагот на тортата беше тоа што беше девојче“.
Кога смејството се собрало на едно месо во епември по повод откривање на полот на бебето, сите биле шокирани.„Тоа беше одлично изненадување за сите нас“, рекол Ендру.
Каролин истакна дека семејството сепак е пререќно затоа што станува збор за здраво бебенце.