Сите вакцини се со важечки рок и безбедни за употреба

По информациите кои се појавија во јавноста за можно присуство на вакцини со истечен рок, нашата компанија „Македонијалек“, која е увозник и дистрибутер на МРП вакцините, изврши внатрешна контрола за да ги провери овие наводи. Контролата покажа дека сите МРП вакцини од марката „Priorix“, кои нашата компанија ги дистрибуира, се со важечки рок и сигурни за користење, соопштуваат од компанијата.
Оттаму посочуваат дека на вакциналните пунктови има дистрибуирано вакцини од две серии, едната со важност до мај 2019 година, а другата до јули 2019.


-При контролата, откриена е помала техничка грешка која вработените ја направиле при аплицирање на декларациите. Имено, кај мал дел од пакувањата се аплицирани старите декларации со датумот од претходниот увоз, односно октомври 2018. Нашата компанија се извинува за овој пропуст и непријатностите кои биле предизвикани. Овие пакувања се веднаш повлечени како не би правеле понатамошни забуни во јавноста и соодветно ќе бидат заменети. Граѓаните може да бидат сигурни дека сите вакцини се со врвен квалитет и важечки рок. Воедно ве известуваме дека горенаведената вакцина нашата компанија ја увезува од 2016 година и истата во континуитет, непрекинато се испорачува до здравствените установи со стандарден квалитет, се вели во соопштението на компанијата.
„Македонијалек“ стои на располагање за соработка со институциите за целосно расчистување на овој случај.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.