Сите велат „наздравје“ кога некој ќе кивне, еве зошто тоа е погрешно

Бонтон правилата се правила на убаво однесување, кои означуваат убав начин на изразување и однесување на воспитани луѓе.
Во модерниот свет во кој живееме, традицијата и старите вредности се повеќе се оставаат настрана, а во односите меѓу луѓето често владее хаос.


Сите знаеме да ставиме рака на устата кога се прозеваме, кашламе, киваме, но дали сте знаеле дека не е во ред на некого да му кажете „наздравје“ откако ќе кивне.
Секој познавач на убавото однесување ќе каже дека во такви ситуации најдобро е да не се каже ништо, бидејќи со тоа непотребно се придава внимание на личноста која кива, поради што може таа да се почувствува непријатно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.