Сите влезови во зградата на РТС остануваат блокирани, вработените 45 часа не можат да влезат на работа

Сите влезови во зградата на РТС остануваат блокирани, вработените се спречени да влезат на работа, известува националниот сервис на Србија.

Студентите во блокадата ги блокираа зградите на Радио- телевизијата на Србија во Белград, на улиците Таковска и Абердарева и на Кошутњак. Блокадата е на сила од понеделник навечер. Тие се собраа и пред Радио Телевизија Војводина во Нови Сад. Во текот на утрото дошло до тепачка меѓу полицијата и студенти, еден полицаец е повреден, а неколку студенти биле погодени со палки, јавува репортерот на РТС. Ситуацијата е мирна по инцидентот. За жртвите на Железничката станица во Нови Сад се одржа 16-минутен молк.

Блокадата на зградите на Радио и телевизија на Србија во центарот на Белград и на Кошутњак трае повеќе од 45 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи: