Вељко Ражнатовиќ и Богдана Родиќ ќе се венчаат на 24 ноември идниот месец во еден од најпознатите хотели во Белград.
Додека на големо се шпекулира кој ќе ги забавува младоженците една од познатите пејачки во Србија веќе го потврди настапот на венчавката на векот.
Станува збор за пејачката на „Ѕвездите на Гранд“ Александра Младеновиќ.
-Точно е ќе пеам на свадбата на Вељко и Богдана и повеќе ништо не смее да откријам, вели Младеновиќ за српски Телеграф.
Инаку парот до година треба да станат родители со оглед дека идната снаа на Цеца е бремена.