Сите ги фрламе ливчињата од јагодите, но кога ќе дознаете какви придобивки има од нив, никогаш веќе нема да го правите тоа. Оставете ги да се исушат и тие нека бидат ваша резерва од витамини и корисни состојки во текот на зимата. Ливчињата на јагодите имаат повеќе витамин Ц од плодовите, а ги содржат истите микроелементи.
Што сè лекуваат?
Чаевите од овие ливчиња, како и самите јагоди го зајакнуваат нервниот систем и се борат против стресот, го намалуваат заморот, помагаат во случај на депресија и болести на крвта, ја подобруваат состојбата на бубрезите и слично.
За превенција и лечење рак
Земете ливчиња од градинарски или шумски јагоди. Ставете една кафена лажичка со иситнени ливчиња во чаша зовриена вода. Чајот треба да остане поклопен 20 минути. Пијте го овој пријатен и лековит пијалак три пати дневно. Ова е моќно средство против онколошките заболувања.
Ливчињата од градинарските и шумските јагоди ја подмладуваат кожата. Ако ги изблендирате, можете да ги искористите за да направите маска за нега на лицето и вратот.
За погуста коса
За побрз раст на оштетената коса, користете лажица од изблендирани ливчиња од јагода и додајте сок од каланхоја и тегавец.
Против дијабетес
Овие зелени делови од овошјето се драгоцени за дијабетичарите, бидејќи ги регулираат нивоата на шеќер во крвта.
Напомена: Многу е важно за лекување да користите исклучиво органско одгледани јагоди.