Сите ги чуваме на вратата од фрижидерот, а не сме ни свесни каква грешка правиме

Многу е важно да знаете добро да го организирате фрижидерот, за храната да биде добро сочувана.
Фрижидерот нема хомогена температура, степенот на ладење не е ист на врвот и во делот за овошје и зеленчук. Најладната точка е полицата над делот за овошје и зеленчук.
Ако фрижидерот добро лади, температурата треба да биде од 0 до 2 степени во долните полици, 4 степени во средината, 6 степени на врвот од фрижидерот и 8 степени во полиците на вратата.


Проблемот со сместување на јајцата е во тоа што местото предвидено за нив во фрижидерот не е најдоброто место на кое би требало да се чува оваа намирница.
Освен што тоа е подрачје во кое температурата е поголема, тоа е и место кое е најподложно на промена на температурата, поради отворањето и затворањето на вратата. Јајцата треба да стојат во нивната амбалажа и да ги ставите во горниот дел на фрижидерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.