И тоа како знае да привлече внимание каде и да се појави.Вереницата на Џеф Безос , атрактивната Лорен Санчез , упорно успева да привлече внимание каде и да се појави, а главен и најголем адут и се токму бујните гради. Таа ги истакнува во секоја прилика, па не „разочара“ ниту овој пат, а парот повторно се најде на мета на љубопитни погледи и бројни коментари.Заедно, држејќи се за рака, се појавија во претставата „Sunset BLVD“ на Бродвеј, по што заминаа на вечера во познат ресторан.Иако и двајцата беа во елегантни комбинации, јасно е зошто сите погледи беа вперени во Лорен… Бујното деколте го зачини монтираниот плишан комбинезон во бордо боја, кој е вистински тренд оваа есен, а скапото дијамантско ланче го красеше вратот на поранешната новинарка која исто така и како сака да биде во центарот на вниманието, па секогаш внимателно избира провокативни модни комбинации.„Секогаш фантастична“, „Жена со силна волја, независна, секси, самоуверена, интелигентна“, гласат дел од коментарите за заводничката Лорен, со која Безос гордо парадира пред целиот свет.Следниот ден на друга вечера повторно се појавија рака под рака, а Лорен овој пат беше облечена малку поскромно, но повторно го истакна деколтето и покажа дека секогаш е во склад со модните трендови, па облече бордо капут преку едното рамо.
Пронајдете не на следниве мрежи: