Сите детали за диетата сиртфуд: Пејачката изгубила 44 килограми за четири месеци!

За релативно кратко време, овој режим на исхрана станал попопуларен од сите останати, а станал познат благодарение на физичката трансформација на Адел. Но нутриционистите сметаат дека оваа диета е ексцентрична, па дури и нездрава.

Оваа дека е создадена и истражена од страна на нутриционистите Ејдан Гогинс и Глен Матен, а придржувајќи се до неа, Адел ослабела 44 килограми за четири месеци. Некогаш полничката англиска ѕвезда доживеала физичка трансформација и потполно ја стеснила фигурата, благодарение на диетата сиртфуд. Неделниот распоред се базра на циклуси, а исхраната е многу рестриктивна, како калориски, така и во поглед на намирници.
Внесување калории
Првите три дена во неделата се внесуваат 1.000 калории дневно, кои се добиваат од три смудиња и еден класичен оброк, сочинет од дозволените намирници. Преостанатите четири дена во неделата дозволено е да се внесуваат 1.500 калории дневно, а калориите се добиваат од три смудиња и два класични оброци од дозволените намирници.
Дозволени намирници
Диетата се базира на употреба на намирници што го поттикнуваат производството на ензимот сиртуин. Тој влијае врз организмот така што го поттикнува брзото согорување калории, а освен тоа, ги штити клетките на организмот и ги ублажува воспалителните процеси.


Риба: лосос, шкампи
Зеленчук: целер, кељ, рукола, хељда, црвен кромид, црвена зелка
Овошје: урми, јаболка, боровинки, цитруси (портокали, мандарини, лимон, грејпфрут…)
Маснотии: маслиново масло, ореви
Зачини: магдонос, куркума
Друго: црно чоколадо со 75% какао, зелен чај, црно кафе без шеќер, црно вино, чај мача.
Ефекти на диетата
Двата автора ја испитувале оваа диета исклучиво на секојдневно физички активни лица, а тие во текот на траењето на рестриктивниот начин на исхрана, слабееле обично по три килограми за една недела.
Според Гогинс и Матен, оваа диета всушност е специфичен режим на исхрана, а не некоја драстично рестриктивна. Нејзината цел е да се забрза метаболизмот и да се поттикне имунолошкиот систем – телото станува поздраво и со соодветна физичка активност, доаѓа до слабеење.
Она што нутриционистите ширум светот го сметаат за неа е дека е ексцентрична и дека крши голем број нутриционистички правила.


Книгата што двојката ја напишала за оваа диета станала славна поради тоа што била промовирана како „љубов кон кафето, зелениот чај, црното вино и чоколадото“, како што истакнувале авторите, на кои, секако, им помогнала да се збогатат. Сепак, сѐ до трансформацијата на Адел не стекнала слава од светски размери.
Позитивни страни
Позитивните страни на диетата се редовната физичка активност, која го забрзува метаболизмот и согорувањето калории, како и употребата на намирници што се богати со антиоксиданси.
Лошите страни на диетата
Диетата е многу рестриктивна во поглед на намирници, бидејќи од она што е дозволено, тешко може да се состави што било друго освен смуди. Многу е рестриктивна и во поглед на калориите. 1.000 до 1.500 калории се едвај доволни за базален метаболизам. Не е прилагодена на сите лица, особено не на болните.


На организмот му требаат нутритивно богати намирници секој ден во слична калориска вредност, а во оваа диета намирниците и калориите се дозволени во шема од три дена по 1.000, па четири по 1.500. Нутриционистите сметаат дека тоа е погрешно доколку целта е да се активира метаболизмот и да се забрза слабеењето. Исто така замеруваат и за тоа што не се користи цела група намирници, како што се месото, јајцата, житарките и млечните производи.
Јаглехидрати се добиваат само од овошје, а нема сложени јаглехидрати. Креаторите на диетата, кои се инаку нутриционисти, ја тестирале диетата само на физички активни испитаници. Тие трошат многу калории на спорт, па затоа, диетата е тешко прилагодлива за оние што не се активни.
Исто така, многу нутриционисти сметаат дека слабеењето од три килограми за седум дена, сепак, е пребрзо и нездраво.
Будистичка диета: Сите вишок килограми исчезнуваат, само ако се придржувате до ова правило!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.