Сите жртви од “камионот на смртта“ се Виетнамци, откри британската полиција 

Сите 39 лица кои минатата недела беа пронајдени мртви во камион ладилник во Есекс се Виетнамци, соопшти британската полиција.
“Во овој момент, ние веруваме дека сите жртви се со виетнамска националност и ние сме во контакт со виетнамската Влада“, рече полицискиот службеник на Есекс, Тим Смит.
Тој додаде дека британската полиција е во директен контакт со некои семејства во Виетнам, како и во Велика Британија.
“Веруваме дека ги идентификувавме семејствата на некои од жртвите“, рече Смит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.