Адел се врати, но ова враќање се разликува од нејзините останати. Пејачката позирала за ноемвриското издание на „Vogue“, проговорила за мајчинството, анксиозноста, разводите, но и за тоа дека се подготвува повторно да стане славна.
Годината зад нас славната пејачка ја нарекла „година на анксиозноста“, која се зголемила со разводот за кој вели дека поминал „онака како што може да помине еден развод“.
Каква и да била година и нејзината кариера, пејачката најмногу ја повредила болката која ѝ ја нанел синот Анџел.
Еден ден, кога имал само шест години ѝ рекол:
„Ме гледаш ли?, јас сум реков да. А, тој ми кажа дека не може да ме види. Па, цел живот ми се распадна во тој момент. Знаев дека не сум таму покрај него психички“.
View this post on Instagram
Адел напишала песна за својот син откако ѝ кажал дека не може да ја види. Со текот на времето албумот станал начин да му се објаснат работите, нешто што може да слуша како што расте.
„Тој има толку едноставни прашања за мене на кои не можам да одговорам поради тоа што не го знам одговорот. Како, зошто не можеме да живееме заедно? Тоа луѓето едноставно не го прават кога ќе се разведат. Но, зошто не? Или, зошто повеќе не го сакаш тато? Би сакала да го сакам твојот татко. Но, едноставно не сум заљубена“.
Поради таа причина, новиот албум се разликува од нејзините претходни албуми.
„Сфатив дека јас сум проблемот и работам на тоа да се вратам. Знам што сакам и навистина знам што не сакам“, изјавила Адел.
View this post on Instagram
Досега видовме дека сè што прави Адел, одекнува ширум светот. Така било и со губењето на телесната тежина, а така е и сега.
„За моето тело се зборуваше во текот на мојата цела кариера. Не само сега. И разбирам поради што некои жени беа шокирани, но јас и натаму сум истата личност. Најлошиот дел од тоа е тоа што другите жени воделе најбрутални разговори за моето тело. Бев разочарана со тоа, тоа ме повреди“, изјавила Адел во интервјуто за „Vogue“.