Британската музичк ѕвезда Адел (31) неодамна е видена во друштво на непознат маж за кој се претпоставуваше дека е нејзиното ново момче, меѓутоа по се изгледа тоа се само шпекулации.
Како што е познато, Адел изгуби доста килограми и ова е нејзиното најдобро издание до сега.
Двајцата биле видени на концертот на Селин Дион и во ниту еден момент не се разделиле.
Но, шокот следуваше кога медиумите почнаа да објавуваат кое е ова момче.
Се испоставило дека Адел била во друштво со Пол Драјтон, кој е во брак со славниот комичар Алан Кар.
Тие тројца се многу блиски пријатели, а дури Алан и Пол се венчале во куќата на славната пејачка во Лос Анџелес.