Обичајот за вапцање јајца – објаснет

Сите знаеме дека првото јајце се фарба со црвена боја бидејќи ја симболизира невино пролеаната крв на Исус. Ова јајце се чува во домот една година, до наредниот Велгиден, и е познато како јајце чувар на куќата.
Старо верување: Што значи доколку се скрши овогодишното јајце чувар на куќата?
Задачата на ова јајце е да го чува домот од зли сили и демони. На некој начин, тоа е вашиот чувар од сите лоши нешта и несреќи во наредната година. Но што доколку за време на варењето ова јајце пукне?


Многу луѓе го гледаат ова како навистина лош знак за семејството и домот. Се смета дека куќата нема да биде заштитена од лошите работи кои ќе се случуваат наредната година.
Некои одат дотаму што веруваат дека кршењето на ова јајце е знак за смртен случај во семејството.
Меѓутоа, доколку не им давате значење на празноверијата, веќе знаете дека не ве чува јајцето, туку вашите добри дела. Но ако и понатаму сте загрижени, според некои верувања, треба да го закопате скршеното јајце на чисто место и да не се грижите. Исто така, во текот на целата годината обидете се да бидете чисти и добри кон другите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.