Сите знаете дека е важно да внесувате витамин Ц, но има грешки кои мора да престанете да ги правите

Еден од најпознатите витамини кои помагаат при вируси и настинки е витаминот Ц. Но, дали некогаш сте помислиле дека го земате погрешно и дека си го загрозувате здравјето?
Таблетката витамин Ц може да предизвика рефлукс и да го иритира хранопроводот. Ако сте забележале дека ви се случува ова, тоа значи дека не сте го голтнале апчето со доволно вода или пак, дека можеби треба да го скршите, бидејќи многу фармацевтски компании ги прават доста големи.
Исто така, не треба да пиете повеќе од 1000 мг во денот, бидејќи сè што е над тоа само се исфрла без да се искористи. Ако ви е полесно, сега постојат додатоци во исхраната во вид на прашок или течност, со кои можете да компензирате за таблетите.
Секако, во целиот овој процес особен приоритет има здравата исхрана, која е многу подобра од кој било друг начин на земање на потребните витамини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.