Сите иредентисти на едно место! Членови на партијата на Албин Курти на изборните листи во Македонија, Самоопределување партнер на Албанската опозиција!

Албанскиот опозициски блок, формиран од Алтернатива, Движењето Беса и Демократското движење денеска отвори нова заедничка канцеларија во Старата скопска чаршија и најави дека на наредните избори во нивната коалиција ќе се вклучи и косовската политичка партија Самоопределување со којашто ќе се води заедничка кампања и заеднички изборни листи.

-Од денеска Европскиот сојуз се состои од четири политички партии. Сега значи во овие четири е и Самоопределување, програмата ја работиме заедно, и нова канцеларија заедничка, и кампањата ќе биде заедничка, и ќе бидат дел парламентарните листи, значи ќе има членови и претставници од Самоопределување, изјави Меџити.

ДЕНЕСКА Е СВ. АВТОНОМ: Незнабошците јурнаа во црквата и го убија свештеномаченикот во олтарот за време на богослужбата
Денеска се слави Светиот свештеномаченик Автоном. Во времето на гонењето на Диоклецијан пребегна од Италија во Витинија Азиска, во местото наречено Сореос и таму долго време помина во христијански подвиг …
БЛУМБЕРГ: Планот за победа на Зеленски не се сфаќа сериозно на Западот, го нарекуваат „листа на желби“
Војната во Украина трае речиси илјада дена. Западните претставници не гледаат изгледи за пробив во војната во „планот за победа“ на Владимир Зеленски и го нарекуваат „листа на желби“, пишува …

Во однос на нивното барање за член во Државната изборна комисија (ДИК), Меџити го повтори ставот дека ќе ги искористат сите демократски средства, па дури и порадиклани, повторувајќи дека можно е напуштање на Собранието. Рече дека „се соочуваат со тенденција за фалсификување на изборите од страна на актуелниот претседател на Собранието, Талат Џафери“.

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во своето обраќање нагласи дека оваа коалиција од партиски сојуз се претвора во, како што рече, сенароден сојуз.

Додека претседателот на Движењето Беса, Билал Касами, оцени дека канцеларијата ќе биде место кој ќе служи на народот и оти новата влада ќе им служи на граѓаните.

На свеченото отворање на новата канцеларија на оваа коалиција меѓу политичките партии Демократско движење, Алтернатива и Движењето Беса, учествуваше и претставник од косовската политичка партија Самоопределување, Бесим Ќоку.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.