СИТЕ МИНИСТРИ НА ДУИ ПОДНЕЛЕ ОСТАВКИ КАЈ КОВАЧЕВСКИ!

Сите министри од ДУИ денеска испратиле писмо до премиерот Димитар Ковачевски со кое го известуваат дека потпишале оставки од функциите кои ги извршуваат.

СИТЕ МИНИСТРИ НА ДУИ ПОДНЕЛЕ ОСТАВКИ КАЈ КОВАЧЕВСКИ!

Во писмото испратено до премиерот пишува уште дека оставките стануваат ефективи веднаш откако опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка и гласа уставни измени.

„Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме!

Оставки, г. Премиере, автоматски се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, се вели во дел од писмото кое го испратиле министри на ДУИ до премиерот Димитар Ковачевски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.