Освен двете најголеми политички партии со осуда на немилиот настан, кој се случи токму вчера на верскиот празник Богојавление-Водици излегоа и сите новинарски здруженија и синдикати. Имено во еден момент новинарите и снимателите беа насилно спречени да земат изјава од момчето кое го фати крстот, а притоа кон нив беа упатувани навредливи зборови и пцости. А, што друго би правеле новинарски екипи на настан, освен да земат изјави и да направат фотографии.
Најдебелиот крај, сепак“ го извлече новинарката на “Канал 5“ Мирјана Мирчевска Јовановиќ, која од страна на вработените во агенцијата за обезбедување „Никоб“, ангажирани по наредба на македонската православна црква како единствен организатор на настанот, беше брутално изтуркана, навредувана и влечена, поради што заврши во болница.
– За оваа невидена агресија, на ден кој треба да е духовен празник, “Канал 5“ телевизија ќе поднесе пријава до Јавното обвинителство и полицијата. Истовремено се прашуваме, како е можно МПЦ да дозволи, на настан организиран од нејзина страна, да се случуваат вакви напади врз новинарски екипи?, изјавија од нејзината матична куќа.
-За СЕММ е целосно неприфатливо на каков и да е начин да се спречува професионалната работа на новинарите, која треба да биде ослободена од закани и притисоци. Државата, во согласност со член 10 од Европската конвенција за човекови права, е одговорна за преземање на сите активни мерки со цел да се создаде и одржува поволна клима за слобода на изразување, велат од Советот за етика.
-Според изјавите од нападнатите колеги, како и од наши членови очевидци на инцидентот, обезбедувачите од агенцијата НИКОБ, грубо физички се однесувале кон новинарката на ТВ “Канал 5“, Мирјана Мирчевска-Јовановиќ, фоторепортерката од МИА, Ивана Батев и фоторепортерот од “Република“, Александар Ивановски. Новинарката на “Канал 5“ притоа има добиено повреди на раката и вратот, поради што ѝ била укажана лекарска помош во Универзитетската хируршка болница Св. Наум Охридски“, стои во соопштението на ССНМ.
Со своја реакција излезе и МВР во која се вели:
Новинарката на ТВ Канал 5 Мирјана Мирчевска-Јовановиќ вчера во полициската станица Центар во Скопје пријавила дека во обид да земе изјава од лицето што го фатило крстот на вчерашната верска манифестација Водици била турната од непознато лице вработено во агенција за обезбедување, што ја обезбедувала манифестацијата. Новинарката притоа добила повреда на вратот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.