Сите сакаме да го јадеме ова, но мора да престанеме што побрзо

Пред неколку години, истражувачи од Универзитетот во Калифорнија и Лос Анџелес утврдиле дека ќелиите на тумор ја користат фруктозата за делење и репродукција, што ги побива претходните претпоставки се сите шеќери се исти. Туморските ќелии кои се хранети со глокоза и фруктоза ги користат овие шеќери на два различни начини, рекол истражувачкиот тим.

„Овие резултати покажуваат дека ќелиите на ракот може лесно да ја метаболизираат фркутозата како би ја зголемиле пролиферацијата“, напишале во 2010 година доктор Ентони Хенеј и колегите од UCLA’s Jonsson Cancer Center.

„Тие имаат големо значење за онколошките пациенти на кои им е препишана исхрана со рафинирана фркутоза, а покажуваат дека намален внес на рафинирана фруктоза или престанок на третираните акции со фруктоза може да го поремети растот на рак“, рекол тој.

Посегнавте по еден кекс, а потоа сфативте дека изедовте цела кутија?

Причината за тоа не е недостаток на самодисциплина туку видот на шеќер кој се наоѓа во повеќето готови производи.

Неговото име е глукозно-фруктозен сируп.

Глукозно-фруктозниот сируп (High-fructose corn syrup, HFCS) е вид на пченичен сируп. Се произведува на таков начин што со помош на ензими дел од глукозата се претвра во фруктоза за да се добие саканата сладост. Се создава мешавина на глукоза и фруктоза која се вика глукозно-фруктозен сируп.

Произведувачите често користат глукозно-фруктозен сируп бидејќи е значајно поевтин од шеќерот. Освен тоа, HFCS го продолжува рокот на траење на производот. Секако дека овој адитив е и тоа како „добредојден“ во светот на брзата храна.

Глукозно-фруктозниот сируп се користи како замена за шеќер во многу пијалоци, сокови, јогурти, житарици и пецива.

Фруктозата е отров за нашето тело бидејќи мозокот не ја доживува како храна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.