По разводот со Том Круз, актерката Кејти Холмс ретко присуствува на големи настани, особено оние надвор од американскиот континент.Таа често може да се види во лежерни комбинации, а својот живот го посвети на својата ќерка Сури, која неодамна се откажа од презимето на нејзиниот татко. Меѓутоа, и на тој начин на живот му дојде крајот, а Кејти реши да ја врати поранешната слава.Таа се појави на модната недела во Париз, на ревијата на брендот Цимерман, со што им даде до знаење на многумина дека е „сè уште жива“.За големиот моден настан таа облече целосен жолт костум кој го спои со црна блуза и црна чанта.Најголем впечаток остави нејзиното лице, уморно од сите настани низ кои поминала во бракот со Том Круз и неговите религиозни убедувања. Кејти, која беше позната по кратката фризура, сега покажа драстична промена на имиџот, поточно долгите прамени кои одлично ги истакнуваат нејзините природни црти на лицето.Својот стајлинг го заокружи со минимална шминка во разголени тонови и нежна насмевка која им ја подари на фотографите на настанот.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.