Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денес изјави дека сè уште верува оти САД и Европа се во ист тим и дека е смешно да се помисли дека би можел да дојде до раздор меѓу двата долгогодишни сојузници.
Сепак, Венс на настан организиран од Минхенската безбедносна конференција во Вашингтон изјави дека САД и Европа станале премногу зафатени со безбедносната положба од изминатите 20 години, што не е соодветно за следните 20 години.
„Европската култура и американската култура се многу поврзани и секогаш ќе бидат поврзани. Мислам дека е сосема апсурдно да се помисли дека некогаш ќе има сериозен раскол меѓу Соединетите Американски Држави и Европа“, рече Венс.



