Мик Шумахер, синот на легендарниот Михаел Шумахер, на социјалните мрежи сподели фотографија од одмор со членовите на семејството.
На фотографијата пред новогодишната елка, Мик позираше насмеан во друштво на својата мајка и сестра. Сепак, многумина ги растажи фактот што на фотографијата го нема Михаел Шумахер.
Мик ја смени и сликата на профилот на Инстаграм – сега има слика од татко му како го држи во раце кога бил дете.
Да потсетиме, Шумахер во 2013 година имаше тешка несреќа додека скијаше. Тој поминал девет месеци во болница, по што бил пуштен на домашно лекување. Оттогаш семејството во најстрога тајност ги чува информациите за неговата состојба, а само повремено излегува нешто ново во јавноста.