Сите се прашуваат зошто Леонардо ди Каприо не дојде на Оскарите: „Беше навреден“

Филмот KILLERS OF THE FLOWER MOON на Мартин Скорсезе заработи дури десет номинации за Оскар, но една од главните ѕвезди на филмот Леонардо ди Каприо не се појави на доделувањето на наградите.Ди Каприо неколку пати беше номиниран за најдобар актер, а неговата улога во филмот „Повратникот“ му обезбеди златна статуетка во таа категорија во 2016 година. Холивудската ѕвезда неколку пати во историјата се појавуваше на доделувањето на наградите, но не и синоќа поради што почнаа да се шушка дека тоа го направил затоа што и самиот не бил задоволен од настапот во „KILLERS OF THE FLOWER MOON”„Зошто Леонардо ди Каприо не е на Оскарите“, праша едно лице на Х.Некои веруваат дека бил навреден што не бил номиниран во категоријата најдобар актер.,,Веројатно не се појави на Оскарите бидејќи не беше номиниран. Но, да бидеме искрени, таа улога не е ни блиску до неговата најдобра изведба”, тврди друг.Додека луѓето шпекулираа каде е Ди Каприо и зошто не се појавил во театарот Долби во Hollywood Entertainment Tonight објави дека тој всушност имал презафатен распоред. Имено, актерот бил зафатен со снимањето на претстојниот филм на Пол Томас Андерсон. Дедлајн во јануари објави дека Ди Каприо ќе глуми во филмот, со работен наслов BC Project, заедно со Шон Пен и Реџина Хол.Ди Каприо ги опиша Killers of the Flower Moon како „моќен филм кој се бори против бришењето на домородните народи, култура и заедници“. Сепак, филмот синоќа не освои ниту една награда, што значи дека Ди Каприо немаше да се појави на сцената дури и да беше присутен.

Пронајдете не на следниве мрежи: