СИТЕ СМЕ ЈА ВИДЕЛЕ ПИПИ ДОЛГИОТ ЧОРАП, А ВАКА ИЗГЛЕДА ДЕНЕС: Промената е ПРЕГОЛЕМА, нема да ја препознаете

Пипи Долгиот Чорап е бестрашна девојка со пеги и црвени плетенки, која не се колеба да им се спротивстави на возрасните и не им придава големо значење на правилата на однесување.

Без родители, Пипи живее заедно со својот весел коњ и глупав мајмун, додека нејзини верни придружници се Томи и Аника.

Нејзината икона улога во серијата, која беше снимена пред пет децении, во 1969 година, ја играше десетгодишната Швеѓанка Ингер Нилсон.

Ингер Нилсон (63), најпозната како црвенокосата девојка, по нејзината извонредна улога во серијата и трите филма од серијата „Пипи долгиот чорап“ снимени во 1969 и 1970 година, одигра неколку помали улоги.

На нејзините фотографии и денес може да се препознае разиграна девојка.

Денес, Ингер работи како секретарка во Стокхолм и се посветува на семејството, сопругот и децата, повремено прифаќајќи ситни улоги. Пред десет години, таа храбро се впушти во авантура на реално шоу, каде помина неколку недели во џунгла заедно со други познати личности.

Пронајдете не на следниве мрежи: