Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ дала интервју за австрискиот весник „Клајне цајтунг“ (Kleine Zeitung) и откако разговорот го пренесоа хрватските медиуми, социјалните мрежи беа преплавени со коментари во кои корисниците ги демантираат или пак ги исмеваат нејзините изјави.
Меѓу корисниците на фејсбук и на твитер најсилно оддекна изјавата на Колинда за нејзиното детство во времето на комунизмот кога сакала да има можност во продавница да избира помеѓу повеќе видови јогурт и да не мора на власта да и објаснува колку леб ќе и бил потребен идната недела.
Исто така со многу потсмев беше земена изјавата дека во Југославија луѓето не смееле да се изјаснуваат оти се Хрвати.
Луѓето ја обвинија Грабар Китаровиќ дека шири лажни вести, а некои дури на аглиски се обиделе да им објаснат на читателите на австрискиот весник дека тоа едноставно не е вистина.