Сите ја правите оваа голема грешка за време на пеколните жештини

Голема грешка за време на пеколните жештини е да се пие ладна вода или сокови полни со мраз, бидејќи тогаш на течноста ѐ е потребно повеќе време да се прошири низ телото и да го хидрира.
Затоа, најидеално тогаш е да се пие вода изладена на собна температура. Водата секогаш е подобар избор од соковите.Исто така, добро е да се испие топол чај, но кога надвор е сув воздухот, а не влажен. Чајот го потикнува потењето, а со тоа и разладувањето на телото. Имајте на ум дека со потењето се губат течности, па тоа треба да се надомести.


Лекарите велат да се избегнува алкохол, бидејќи тој додатно го суши организмот, а би било добро да се намали и конзумирањето на алкохол.
Сепак, каде и да одите секогаш со себе носете вода и пијте по неколку голтки што е можно почесто.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.