Сите ја фрламе кората од бананата, а не сме свесни колку е здрава! Внесете ја во вашата исхрана, бидејќи…

Нутриционистката Сузи Бурел, на својот блог открила дека не треба да ја фрламе кората од банана, туку да ја внесеме во својата исхрана.
Имено, содржи многу влакна кои влијаат на слабеењето, витамин Б и витамин Ц кои ја прават кожата поубава, го забрзува и внесот на магнезиум и калиум.
Сепак, Сузи советува кората да не ја јадете “сува“, туку да ја комбинирате со некои јадења. Згответе ја додека не омекне и вметнете ја во смути или колачи. Нема да го промени вкусот на јадењето, а ќе додаде на волумен.


“Ако правите смути, вметнете во него цела банана и краевите на кората кои претходно сте ги исецкале. Готвената кора вметнете ја во мафини и банана леб.“
Исто така открила дека силно жолтата кора има антиоксиданси кои влијаат на намалување на ризикот од рак додека зелените се богати со аминокиселината триптофан, кој помага за квалитетен сон. Можете да пржите месо на кора од банана за да ја задржите свежината и сочноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.