понеделник, 16 ноември 2026
Најново

Сити и Челси би можеле да бидат исфрлени од Премиер лигата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Манчестер Сити и Челси би можеле да бидат исфрлени од Премиер лигата доколку бидат прогласени за виновни за кршење на правилата за профит и одржливост на англиската фудбалска елита (ФФП).

Шампионите ги оспоруваат 115-те обвиненија поставени од правниците на Премиер лигата во февруари 2023 година. Се очекува независна комисија да започне со разгледување на случајот.

Против Челси минатото лето беше покрената истрага за финансиски злоупотреби извршени за време на ерата на Роман Абрамович, во која агенти се плаќаа од сметки кои не беа поврзани со клубот.

Последните финансиски извештаи од „Стемфорд Бриџ“ покажуваат дека 150 милиони фунти биле издвоени кога Тод Боли го купил клубот за да ги покрие потенцијалните правни трошоци.

Сега на двата клуба им е кажано дека би можеле да се соочат со најголемата санкција од Комисијата, која одзеде четири бода од Нотингем Форест претходно оваа недела.

– Реклама –








Поврзани вести