Искреното пријателство е нешто најскапоцено во животот, нешто кон кое сите тежнееме. Но, кога ќе влеземе во врска, на многу жени љубовта им станува поважна од пријателството, па несвесно ги занемаруваат пријателствата, целосно насочувајќи го вниманието кон партнерот.
Постојат ситуации кога без оглед на недостатокот на време и на љубовната врска, никогаш не треба да ја запоставите блиската пријателка.
1. Кога ќе ѝ почине блиска личност
Кога вашата пријателка ќе биде погодена од смртен случај во семејството или друга блиска личност, во тој момент најмногу ќе ѝ биде потребна вашата поддршка. Со ваша помош таа полесно ќе се справува со тагата и болката. Во тие моменти, таа е многу поважна од вашиот партнер, бидејќи вие ќе бидете нејзиното рамо за плачење.
2. Кога ќе раскине со партнерот
Секое раскинување е болно и тешко, особено ако вашата пријателка е таа која е оставена. Без разлика во каков однос сте биле во последно време, во тој момент треба да ја сослушате и утешите.
Дури и ако нејзиниот партнер никогаш не ви се допаѓал и мислите дека раскинувањето е нешто најдобро за неа, немојте да ѝ зборувате такви работи. Наместо тоа, бидете нејзина поддршка.
3. Кога ќе се скарате
Нормално е да се скарате со пријателката, но не е коректно веднаш за тоа да го известите партнерот за вам да ви пружи поддршка. Проблемот може да се реши единствено со пријателката и тоа преку разговор, смирен и без лутина, со ладна глава.
Не треба да дозволите моменталните проблеми да бидат закана за вашето пријателство.