Сијарто: ЕУ мирно набљудува како Украина си игра со енергетското прашање

Унгарскиот министер за надворешни работи – Петер Сијарто денеска изјави дека Украина ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија и Словачка со тоа што го спречува транзитот на руска сурова нафта од Лукоил, а Европската комисија не презела ништо во врска со тоа.На прес-конференцијата по средбата со колегите од ЕУ во Брисел, Сијарто рече дека на консултациите присуствувале и украински претставници, кои многу зборувале за руските напади врз енергетската мрежа на нивната земја, пренесе агенцијата МТИ.„Позицијата на Унгарија е јасна“, рече Сијарто, додавајќи дека испораката на енергија е прашање на националната безбедност.„Ако една земја ја загрозува безбедноста на енергетските резерви на друга земја, тогаш ја загрозува и нејзината национална безбедност“, посочи шефот на унгарската дипломатија.Според него, токму тоа се случи во случајот со Украина и Унгарија, а истото важи и за Словачка.Сијарто оцени дека Европската комисија покажала дека не може да ја заштити енергетската безбедност на нејзините две членки од земја која не е членка на Унијата, или дека сама ја создала целата оваа ситуација, со тоа што Брисел всушност дал инструкции за Киев да спроведе мерки кои ја ограничуваат енергетската безбедност на Унгарија и Словачка.Тој рече дека, што и да е, разочарувачки е што ЕУ или е толку слаба, или се обидува да се скрие зад Киев за да ги принуди Унгарија и Словачка да ја сменат својата про-мировна позиција.Сијарто додаде дека неговата земја, како и Словачка, имаат значаен придонес во снабдувањето со енергија за Украина, при што 42 отсто од увозот на електрична енергија во Украина моментално пристигнува преку Унгарија, пренесува Танјуг.

Пронајдете не на следниве мрежи: