Сиљановска Давкова и Шекеринска се слушнале по телефон, во петок и ќе се сретнат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова информираше дека денеска имала телефонски разговор со заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска. По тој повод, двете ќе имаат средба во петок во 10 часот.

„Дозволете да ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел да ѝ го честитам изборот за заменик-генерална секретарка на НАТО. На предлог на госпоѓата Шекеринска, средбата ќе се одржи во петок, во 10 часот. Сметам дека е најдобро лично да ѝ изразам честитки за престижната функција, која е од големо значење, не само за неа, туку и за државата“, пишува во соопштението од претседателката, објавено на социјалните мрежи.

Пронајдете не на следниве мрежи: