Сиљановска-Давкова: Регионална одговорност како гарант за предвидлива и сигурна заедничка иднина

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска од Софија порача дека процесот на проширување на Европската Унија мора да се темели на Копенхашките критериуми, а напредокот во спроведувањето на реформите да го диктира темпото на пристапниот процес.
На Самитот Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Сиљановска-Давкова укажа на потребата од дебалканизација преку европеизација.

Според шефицата на македонската држава потребно е оживување на духот на регионалната соработка и враќање кон принципите врз коишто пред три децении беше воспоставен овој процес.
Повика на регионална одговорност, како гарант за чекорење кон предвидлива и сигурна заедничка иднина, истакнувајќи дека успехот на секоја држава треба да се доживува како успех на целиот регион, а натпреварот да се води во знаење, иновации, култура и економски развој, наместо во блокади и поделби.

Попладнево, треба да се одржи средбата на високо ниво со нејзината бугарска колешка Јотова.
The post Сиљановска-Давкова: Регионална одговорност како гарант за предвидлива и сигурна заедничка иднина appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: