Сиљановска до Бегај: Жителите на Пустец да се прашаат дали сакаат мигрантски кампови на нивната територија

Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример и членките на ЕУ треба да ја превенираат, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференцијата со албанскиот колега Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на Македонија.
Сиљановска-Давкова – Бегај: Нема поголема инвестиција во стабилноста на Западен Балкан од членството во ЕУ, но и прават на Албанците

Наспроти тоа, македонските новинари го отворија прашањето за најавената изградба на камп за мигранти во Пустец, територија каде живее македонското малцинство, на што Беглај одговори дека не треба да се сомневаме дека изјавата што ја даде е вистинита – односно дека Македонија и Албанија имаат добри односи како соседи и како сојузници во НАТО и преку евроинтеграцијата, издвои Независен.мк
„Ние ги третираме малцинствата  со посебен закон и им се заштитени сите права што им следуваат со него“, рече Бегај, додавајќи дека тоа што ќе се гради таму камп за мигранти не значи неоходно и дека ќе бидат сместувани. Според него, кампот е дел од договорот со ФРОНТЕКС за обезбедување на капацитети при евентуален мигрантски наплив, но дека Албанија прави сѐ да спречи доаѓање на илегални мигранти во земјата.
Македонската претседателка, пак, порача дека за ова албанските власти треба да ги прашаат и жителите на Пустец, а за исходот да ја информираат и македонската влада.
На прашањето на албански новинари зошто немал заедничка средба со сите албански партии за да помогне да се обединат, Бегај рече албанскиот фактор има важно место во Македонија, дека Албанците тука се државотворен народ, дека активно придонесуваат за стабилноста и се обединети околу евроинтеграцијата и Охридскиот договор. Околу забелешката дека и во извештајот на Вајц се споменувала дискриминација  и јазична нерамноправност (?) на Албанците Бегај рече дека не слушнал за тоа, но дека доколку сакаме да размислуваме за сегашноста и за иднината, а зборуваме за минатото, ќе немаме време да работиме на подобрување на животот тука. Па, порача дека Балканот секогаш произведувал бучава, а треба да биде тивок и спокоен за да оди напред.
целиот текст тука

Пронајдете не на следниве мрежи: