Претседателката на државата. Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на погребната миса на папата Франциск.
„Папата Франциск го вложи сиот свој духовен капацитет и морален интегритет во решавањето на проблемите на обичните луѓе, но и глобалните проблеми и уживаше огромна почит од сите категории луѓе, од најсиромашните, до најбогатите и најмоќните“, изјави претседателката.
Вели дека за неа било голема чест да присуствува на мисата.
„Си замина со љубов и солзи во базиликата Санта Марија Маџоре, откако го собра и обедини целиот свет, сиот народ, сите верници и верски великодостоинственици, државници, носители на највисоки функции. Папата Франциск го вложи сиот свој духовен капацитет и морален интегритет во решавањето на проблемите на обичните луѓе, но и глобалните проблеми и уживаше огромна почит од сите категории луѓе, од најсиромашните, до најбогатите и најмоќните. За време на неговата историска посета на Скопје, папата Франциск нè охрабри нас, македонските граѓани да опстоиме на својот посебен историски, национален и културен пат, неразделен од европскиот, изразувајќи ни разбирање, симпатија и поддршка“, напиша претседателката на Фејсбук.
Политичари од целиот свет му оддадоа почит на патата. Тој почина на 88 години.
Повеќе од 400.000 луѓе се собраа во Ватикан и по улиците на Рим за да му оддадат последна почит на папата Франциск, соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи, што е далеку над проценката на Ватикан од околу 250.000 луѓе кои излегоа на поглаварот на последните обреди на Католичката црква.
Папата Франциск е погребан во базиликата Света Марија Голема во Рим, а неговиот гроб е направен од камен од Лигурија, италијанскиот регион каде што некогаш живееле неговите баба и дедо.