Претседателот на ССМ, Дарко Димовски пред два дена закажал седница за денес, на која како точка на дневен ред го става референдумот. Членовите на ССМ реагираат велејќи дека ваквата одлука е спротивна на Статутот на Сојузот на Синдикати на Македонија и обид да ги втурне работниците во партиско-референдумски води.
-Државно именуваниот и партиски поставениот “претседател“ на СДСМ-ССМ, Дарко Димовски без никаков срам и спротивно на сите начела и структури на дејствување на синдикатите низ светот, и спротивно на статутот на ССМ, прави скандалозен обид да ги втурне работниците во партиско-референдумски води. Постапувајќи по партиска директива, очигледно враќајќи долгови за извршената услуга кон СДСМ, референдумското прашање го поставува на седница на претседателството на СДСМ. Ова е уште еден скандал, покрај партиското делење на простории на ССМ на функционери на СДСМ, познат како случај “Рагуза“, за кој неодамна се пишуваше во медиумите во Македонија.
Дел од членовите на Синдикатот на ваквото политизирање и партиски притисок, за кои сметаат, дека се тотално спротивни на автономијата на синдикалното движење претставува уште еден обид за тотална партизација на ССМ, спроведена од партиски поставениот Димовски.